Фудбалерите и персоналот на Динамо Киев, Шахтјор, Дњепар, Оболон и Кривбас, ослободени се од мобилизација, потврди прес-службата на Министерството за млади и спорт на Украина.
Во моментов Шахтјор (прво место, 49 бода од 21 натпревар), Кривбас (второ место, 47 бода од 23 натпревари), Динамо (трето место, 45 бода од 21 натпревар) и Дњепар (четврто место, 43 бода од 23 натпревари) се на првите четири позиции во фудбалското првенство на Украина. Оболон е во плеј-аут зоната за опстанок.