Македонското карате повторно блеска на европската сцена! Нашиот репрезентативец и еден од најискусните натпреварувачи, Дејан Недев, на 24 октомври 2025 година освои сребрен медал и стана европски вицешампион во дисциплинaта кати на Европското првенство што се одржуваше во Шчечин, Полска.
Во финалето Недев се соочи со претставникот на Ирска, Чарлис Нери, во меч кој предизвика големо внимание. По тесно судиско гласање победата му беше доделена на ирскиот натпреварувач – одлука што предизвика бројни реакции, бидејќи Недев доминираше во својата изведба.
Овој резултат има уште поголема симболика – токму во Шчечин, пред точно 35 години (во 1990 година), Недев го имаше своето прво меѓународно појавување. По три и пол децении континуитет, тој повторно покажа дека вистинските шампиони не стареат – туку стануваат легенди.
Недев останува пример за посветеност, дисциплина и врвна спортска етика. Неговиот успех е огромна инспирација за младите генерации и силна потврда дека македонското карате и натаму е дел од европскиот врв
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: