Македонскиот ракометар Дејан Кулуловски официјално од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на српскиот клуб и поранешен европски шампион Металопластика Шабац.
Кукуловски (27), кој неодамна беше на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за мундијалскиот бараж против Словачка, досега го носеше дресот на ГРК Охрид со кој успеа годинава да го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп
Левиот бек, кој ќе донесе острина во нападот и цврстина во одбраната, порасна во редовите на скопски Вардар, со кого искуси играње во ЕХФ Лигата на шампионите и турнирот „ИХФ Супер Глоуб“.
После тоа, тој доби целосна афирмација во дресот на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, каде што беше редовен учесник во СЕХА лигата и Европската лига на ЕХФ.
Неговиот квалитет беше особено евидентен за време на меѓународната епизода во Чешка, каде што, играјќи за СККП Хандбал Брно, беше најефикасниот стрелец на тимот во европските натпреварувања.