Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, ги обвини судиите за поразот на неговиот тим против Спортинг Лисабон (2:1) во Лига Европа.
Марсеј водеше со 1:0 до финишот на првиот дел, кога Емерсон Палмиери, кој веќе имаше жолт картон, симулираше пенал. По прегледување на ВАР, судијата го поништи пеналот и му додели втор жолт картон на Палмиери, што резултираше со исклучување.
Де Зерби смета дека судијата не бил на ниво за ваков натпревар и дека неговиот тим ја платил цената за грешките на судиите. Тој додаде дека, дури и со играч помалку, Марсеј не страдал многу, но Спортинг ги искористил своите шанси и направил пресврт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: