Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез, најверојатно нема да биде продаден во летниот преоден рок, објави новинарот и инсајдер на Атлетик, Дејвид Орнштајн.
Според изворот, клубот од „Енфилд“ нема да може да профитира од продажбата на Нуњез во текот на летото, со оглед на фактот дека пред нешто повеќе од две години платиле околу 75 милиони евра за него, а има доволно потенцијал да се докаже во иднина.
Уругвајскиот напаѓач му се приклучи на Ливерпул во летото 2022 година од Бенфика. Оваа сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 голови и 13 асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на Нунез на 70 милиони евра.