Дарко Велковски продолжува во Динамо Букурешт

Централниот дефанзивец, Дарко Велковски по шест месеци поминати без клуб откако си замина од Саудиска Арабија конечно пронајде нова средина.

Велковски кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт кој од клупата го предводи искусниот хрватски стратег Жељко Копиќ.

Токму Копиќ силно инсистирал да се доведе Велковски во клубот од романската престолнина со оглед на тоа што ги познава неговите квалитети ако се земе предвид дека не така во далечното минато Даре играше во Ријека.

Велковски на новиот тим ќе се приклучи на подготовките во Анталија.

За услугите на Велковски имало вистинска битка помеѓу романските Клуж и Крајова, но на крај прв до потпис дојде Динамо.

Инаку Динамо е на претпоследното место на табелата со 16 бода и му претстои тешка битка за опстанок. Своевремно дел од овој клуб беше голманот Кристијан Наумовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО