Полумаратонот на „Охрид трчаТ“ убедливо му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.
Ивановски патеката од 21 километар низ улиците на Охрид ја истрча за 1 час, 10 минути и 46 секунди. Втор на целта пристигна Игор Трипуновски со време 1.19:22, а трети беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52.
Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1 час, 31 минути и 35 секунди, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.
Инаку, оваа трка се одржа по јубилеен десетти пат. Учествуваа 2.700 тркачи од 30 земји.