Данците ја брендираа Суперлига!

Според весникот „Телеграф“ данската фудбалска лига официјално го регистрирала името „Суперлига“ во Европската унија (ЕУ) како заштитен знак во заедничка сопственост на 12 екипи од првата дивизија. Најквалитената лига на Данска има годишни приходи од тв-правата од само 37 милиони фунти.

Тоа значи дека проектот европска Суперлига ќе мора да го смени името!

– Отсекогаш сме се противеле на желбата на големите клубови да создадат нова лига во Европа. Мислиме дека меѓународните клупски турнири треба да бидат отворени за тимовите преку постигнувањата во националните првенства, изјави извршниот директор на данската Суперлига, Клаус Томсен.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО