Дали превирањата во Ред Бул создаваат терен за шокантен трансфер на Верстапен?

Откако беше завршена истрагата во врска со Кристијан Хорнер во Ред Бул, доста прашина деновиве подигна таткото на Макс, Јос Верстапен, кој беше виден два пати во два дена на средба со првиот човек во гаражата на Мерцедес, Тото Волф.

На прашање од новинарите дали постои можност актуелниот шампион да се пресели идната сезона во германската екипа, Хелмут Марко на тоа одговори:

– Што се однесува до мене, јас нема да му стојам на патот на Макс, потврди Марко.

Според германскиот медиум „Motor und Sport“, Верстапен имал излезна клаузула во договорот, која му овозможувала кога сака да го напушти Ред Бул, а тоа го прави ова прашање се поинтересно.

Евентуалното заминување на Верстапен и турбуленциите со Хорнер, можат да влијаат и на Адријан Њуи, кој на крајот од новата сезона, може да го напушти австрискиот клуб. Се зависи од тоа како ќе се одвиваат шпекулациите околу внатрешните проблеми на тимот од Австрија во следниот период.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО