Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, се огласи по срамното однесување пред повеќе од една недела, кога по меч на ЕП, ги навредуваше Србите и Македонците.
По натпреварот против Хрватска (1:1), кој за нив беше историски, ги навредуваше народите на Србија и Македонија преку мегафон на терен, а сега испрати извинување поради тоа.
– Се излезе од контрола, ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера во фудбалот. Не ги навредував Србите, ваквите работи се неприфатливи и не ме прават среќен, но се извинувам ако некој се најде повреден, порача Даку.
За време на мечот Албанија – Хрватска, се слушаа од трибини извици од типот „Убиј ги Србите“ и слични работи, но сега тој тоа го негира.
Веднаш по таквиот став на играчот, од ФСС и ФФМ упатија жалби до ФИФА да реагираат на ваквите скандалозни потези, по што играчот, но и неговиот клуб, мораа јавно да се извинат.