Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) Панче Ќумбев денеска имаше работна средба со новиот претседател на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ.
Вредно е да се спомне дека после подолг период на неактивна комуникација со Фудбалската Федерација, беше повторно воспоставена директна соработка од којашто треба да произлезат повеќе проекти , коишто чекаат подолго време да се реализираат.
Едно од најгорливите прашања во решавањето на споровите коишто произлегуваат во фудбалското работење, беше неактивноста на Арбитражниот суд при ФФМ.
– Со гордост можеме да кажеме дека денес добивме потврден одговор дека следниот период ќе се започне со организација и работа на арбитражата при Фудбалската Федерација на Македонија, којшто процес ќе биде потмогнат како од наша страна и од Фубалската федерација, така и од ФИФПРО и УЕФА“, велат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Исто така на средбата беше дискутирано и за потесна соработка и на други нови проекти, за кои што двете страни се оптимисти дека во иднина ќе се реализираат.