Челси се посрамоти со Барнли, свирежи за Покетино

Челси не успеа да го совлада Барнли на домашен терен (2:2) во денешниот меч од 30. коло во Премиер лигата иако речиси цел меч имаше играч повеќе, од 43. минута.

Челси двапати водеше, Кол Палмер реализираше пенал непосредно пред паузата, по што Џош Кален израмни на почетокот од вториот дел. Во 78. минута Палмер повторно погоди за водство, но Дара О’Шеј израмни три минути подоцна.

До крајот Барнли можеше да стигне до победа, но ударот на Џеј Родригез ја погоди стативата. Публиката на „Стамфорд бриџ“ со силни свирежи ги испрати играчите на Челси и Маурисио Покетино.

Барнли на Винсент Компани кој е непоразен на третиот меч по ред се наоѓа на 19-то место на табелата, со четири бода помалку од 17-то пласираниот Нотингем форест, а Челси останува на 11-то место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО