Челси почна да бара замена на Покетино!

Раководството на Челси одлучи дека доколку го отпушти актуелниот  менаџер, Маурисио Покетино, ќе се обиде да го ангажира Рубен Аморим , тренерот на Спортинг или Роберто Де Зерби, кој работи во Брајтон, пишува угледниот „Гардијан“.

Според изворот, раководството на лондонскиот клуб ќе одлучи за иднината на аргентинскиот стручњак во Челси по завршувањето на сезонава.

Покетино ја презеде менаџерската функција минатото лето. По 26. првенствени кола во Премиер лигата, „сините“ имаат 36 бода и се на 11-то место.

Под водство на Покетино, Челси стигна до финалето на Лига купот, но загуби од Ливерпул со 0:1. Претходно во медиумите се појави и информацијата дека газдите на лондонскиот клуб веќе почнале да бараат замена за него!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО