Челси го загуби Карабао Лига куп финалето од екипата на Ливерпул со 1:0.
Единствениот гол за победа и трофеј на Ливерпул беше постигнат во продолженијата, бидејки во регуларниот дел немаше погодоци на двете страни.
Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино може и мора да биде разочаран, бидејки неговите имаа шанси да подигнат каков-таков трофеј и барем малку да се „амнестираат“ од критиките кои ги следат сезонава.
По завршувањето на церемонијата со доделување на плакетите за поразените, еден детаљ остави многу прашања отворени. Каков е всушност односот на тренерот Покетино со новиот сопственик на Челси, Тод Боели, кој буквално го „олади“ додека овој чекаше да се поздрават горе на трибините и дали всушност ова ќе биде крајот на Покетино во таборот на Челси, останува на времето да покаже што ќе се случува.
Pochettino ignores Todd Boehly pic.twitter.com/0nakqLbvhi
— LONDONSFIRST™ (@LondonsFirst_) February 25, 2024