Челси го продава Лукаку, позната е и сумата

Челси го продава Ромелу Лукаку, а „стручњакот за трансфери“,  Фабрицио Романо ја откри сумата за која клубот од „Стемфорд бриџ“ е подготвен да ја заврши зделката. Тој тврди дека во клубот од Лондон за белгискиот напаѓач бараат 45 милиони евра.

Лукаку ја сезонава ја мина на позајмица во Рома, негова втора позајмица откако се врати во Челси во 2021 година. Напаѓачот на Рома во Челси никогаш не играл толку добро како во италијанските клубови.

Во Интер тој беше најдобар стрелец во Серија А, а во Рома незаменлив првотимец. Но кога настапуваше за Челси беше жестоко критикуван од новинарите и од навивачите, па отворено кажа дека е подобро да игра во Италија, што навлече уште поголем гнев кај навивачите.

Се споменуваше дека Лукаку би можел да остане во Италија, поточно да се пресели во Наполи. Тоа би се случило во зделка во која Виктор Осимен би заминал во Челси, со дополнително финансиско обештетување. Но Романо пишува дека засега ништо не се случува на тој план.

Лукаку постигна 21 гол и четири пати асистираше на 47 натпревари за Рома во штотуку завршената сезона. Тој е под договор со Челси до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО