Чави се премисли, останува на клупата на Барселона

Чави најави дека ќе ја напушти Барселона летово, но се премисли и ќе го води каталонскиот гигант и во следната сезона. „Мундо Депортиво“ пишува дека Чави ја променил одлуката поради играчите.

– Огромната поддршка од играчите беше клучот за останувањето на Чави. Многу играчи беа во канцеларијата на Чави и се обидуваа да го натераат да се премисли, пишува каталонскиот весник.

Но удел во промената на одлуката на Чави има и очигледнот притисок од клубот тој да остане, како и разговорите со првиот човек Лапорта, и со директорот Деко.

Чави (44) ја презеде Барселона во ноември 2021 година, а неговиот договор е до крајот на јуни 2025 година. Во славната играчка кариера во Барселона, меѓу 1998 и 2015 година, Чави одигра 767 натпревари, постигна 85 гола и освои 25 трофеи.

Барселона беше елиминирана во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) од ПСЖ, а во Ла лига, на шест кола до крајот на сезоната, заостанува 11 бода зад лидерот Реал Мадрид. Барселона беше елиминира и во четвртфиналето од „кралскиот куп“, од Атлетик Билбао, што значи дека сезонава ќе ја заврши без трофеј.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО