Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, вели дека ситуацијата во клубот не може да се спореди со минатото кога Каталонците беа финансиски моќни за да купуваат врвни фудбалери.
– Навивачите мора да разберат дека моменталната финансиска состојба нема ништо заедничко со тоа што беше пред 25 години. Претходно, тренерот ќе рече: „Сакам да потпишам со тој, тој и тој“. Сега не е така – вели Чави.
Претходно беше најавено дека Барселона ќе го продава Араухо за околу 100 милиони евра само од финансиски причини.