Чаранија: Батлер не сака да си оди од Мајами

НБА инсајдерот Шамс Чаранија, тврди дека ѕвездата на Мајами, Џими Батлер сака да го продолжи договорот со „жешките“.

„Имам чувство дека Џими Батлер не сака да игра никаде освен во Мајами. Му се допаѓа во Мајами. Тој има право на продолжување на договорот оваа година. Има неколку тимови кои се подготвени да му дадат продолжување, и мислам дека ќе видиме како сето тоа ќе се одвива во текот на следниот месец. Мајами не сака да го трејдува, а тој сака продолжување. Дали ќе му дадат продолжување на договорот е прашање“, вели инсајдерот.

Батлер сезоната ја заврши со просек од 20,8 поени, 5,3 скока и 5 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО