Чаби Алонсо: Сакам Енцо да остане на „Стенфорд Бриџ“

Чаби Алонсо, на првата официјална прес конференција како менаџер на Челзи, за време на прес-конференцијата изјави дека сака играчот од средниот ред Енцо Фернандез да остане на „Стемфорд Бриџ“, и дека напаѓачот Николас Џексон се приклучил на тимот.

Алонсо беше претставен откако ги започна подготовките со фудбалерите кои не се на Светското првенство.

Долго време се шпекулираше дали Фернандез ќе го напушти двократниот европски шампион. Репрезентативецот на Аргентина претходно отворено „флертуваше“ со Реал Мадрид, кој потоа дури објави дека не е заинтересиран за тој трансфер.

На прашањето дали сака да го задржи Фернандез, Алонсо кратко одговори: „Да“. Потоа додаде: „Разговаравме. Но, како што можете да разберете, она за што разговаравме ќе остане меѓу нас“.

Алонсо, исто така, потврди дека напаѓачот Николас Џексон ќе се врати во тимот, барем за предсезонската турнеја во Австралија и Азија, откако Баерн одлучи да не го купи по сезоната на позајмица.

„Нико Џексон ќе патува со тимот на азиската турнеја и со нетрпение очекуваме повторно да работи со нас“, рече Алонсо.

Покрај тоа, крилниот напаѓач Алехандро Гарначо не тренира со тимот, а Алонсо потврди дека други клубови се заинтересирани за него.

Андреј Сантос се пресели во Манчестер Јунајтед, па Алонсо беше прашан дали, поради недостатокот на пласман во некое од европските натпреварувања, ќе мора да го намали играчкиот кадар.

„Тоа менува некои мали детали, но не и главниот фокус кога станува збор за тоа како сакаме да влеземе во сезоната во август. Целосно сме усогласени со спортските директори за тоа што сакаме да постигнеме“, рече Алонсо, додавајќи:

„Имаме добар тим и јасно ни е на кои позиции сакаме дополнителни засилувања. Има уште неколку недели до крајот на преодниот рок, но работиме во целосна хармонија и верувам дека ова е вистинскиот начин.“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО