Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања пред финалето на Лига Европа (ЛЕ) против италијанската Аталанта, вечерва во Даблин (21 часот).
– Различни работи се да се биде во финале како играч и како тренер. Но, јас сум уверен во моите способности и во мојот тим, тие ќе успеат. Не сме поразени на 51 натпревар, моите момци знаат како да се прилагодат на различни ситуации. Ова важи и за овој меч.
Во последните пет години Аталанта секогаш се потпираше на своите идеи. Тие знаат што сакаат и се успешни во Италија и во Европа. Но, ние во Германија одигравме многу натпревари со тимови кои играат на ист начин. Вечерва ќе се бара тактика, интелигенција и менталитет, изјави Алонсо за официјалната интернет-страница на УЕФА.