Џиџи Буфон понуд револуционерно решение во иднина за фудбалот.
Италијанскиот голман смета дека на повеќето натпревари се игра „мртов фудбал“, односно натпревари без голови, па тврди дека треба да се размислува за зголемување на головите.
– Можемеда размислуваме за зголемување на головите, кога јас почнав да бранам 1998 година, бев меѓу петте највисоки играчи во Серија А. Минатата година во Парма исто така бев меѓу петте највисоки, но од 22 играчи на терен.
Димензиите на головите се 7,32 метри во должина и 2,44 метри во висина и такви се официјално од 1886 година.
– Димензиите на головите се исти од 1875 година, кога можеби беа преголеми. Во следните 50-60 години беа адекватни, а сега како што гледаме некои расни голмани, головите изгледаат премали, тврди Буфон.