ЛШ со нов формат од 2024/25-та: Слична на Суперлигата, со повеќе натпревари и со многу повеќе пари…

Фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) ќе биде ремонтирана од почетокот на следната 2024/25 сезона. Но каков ќе биде швајцарскиот модел и дали со тоа ќе се спречи наскоро да профункционира Суперлигата ?

Новиот формат на ЛШ повеќе ќе наликува на лига отколку на куп натпреварување, барем на почетокот. Тимовите, вкупно 36, ќе бидат поделени во четири групи (по девет) во рамките на една голема лига.

Во тие групи ќе има носители. Годинашниот победник и осумте тима со најдобри коефициенти (врз основа на претходните европски перформанси) ќе бидат во групата 1. Следните девет тима со надобри коефициенти ќе ја формираат групата 2 итн. Победникот во Лига Европа (ЛЕ) и националните шампиони нема да се фаворизираат при при ждрепката.

Секој клуб потоа ќе одигра осум натпревари, по четири дома и на гости, против два тима од секоја група, вклучувајќи ја и нивната. Најдобрите осум екипи на конечната табела директно ќе се квалификуваат во осминафиналето.

Тимовите од деветтото до 24-то место ќе разигруваат за преостанатите осум места. Оние од 25 до 36-та позиција ќе бидат елиминирани Освен контроверзниот формат, новина е тоа што ќе има повеќе тимови, 36 место 32, и што ќе се играат повеќе натпреваари, 189 место 125.

Две од дополнителните четири места ќе им припаднат на најдобрите лиги во Европа од претходната сезона, што значи дека две од наголемите лиги најверојатно ќе имаат по пет тима.

Преостанатите две дополнителни места ќе им припаднат на третопласираниот тим во лигата која е петтрангирана кај УЕФА (минатата година тоа ќе беше Марсеј од француската Лига 1) и победниците во т.н. пат на шампионите, односно за тимови надвор од европската елита.

УЕФА инсистира на тоа дека т.н.„швајцарски модел“ (според форматот на шаховски натпреварувања) „ќе им овозможи на навивачите да гледаат повеќе врвни натпревари“ со „воведување подобра конкурентска рамнотежа“.

Сепак јасно е дека сево ова е нераскинливо поврзано со две работи: со пари и со заканата од Суперлигата. Повеќе натпревари значат и повеќе пари во џеповите на УЕФА.

Промените на форматот на ЛШ дојде по заканата од Суперлигата, која првично предложи модел со некои сличности, но, најважното беше во неа да учествуваат само избрани тимови.

Фазата „лига“ на рестартираното натпреварување ќе трае од септември до јануари, а мечевите и натаму ќе се играат во вторник и во среда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО