Брзо лизгање: Во ист ден трипати соборуван светскиот рекорд!

Дури три репрезентации, Канада, Холандија и Норвешка го соборија седумгодишниот светски рекорд во машки екипен спринт на Светското првенство (СП) во брзо лизгање шт се одржува во канадскиот град Калгари.

Најпрво Холанѓаните го соборија дотогашниот светски рекорд со време од 1.17:18 минути што го држеше Канада. Неполни три минути подоцна, веќе во следната трка Канаѓаните забележаа подобро време, 1.17:17 и си го вратија светскиот рекорд.

Во истата трка стариот светски рекорд го соборија и Норвежаните, но тој одличен резултат остана во сенка на постигнувањата на Канаѓаните и на Холанѓаните.

За да биде целата работа уште поинтересна, при попрецизното мерење на времето било утврдено дека и Холанѓаните постигнале време од 1,17:17. Но светскиот рекорд и златниот медал им припадна на Канаѓаните кои беа побрзи за две илјадити делови од секундата!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО