Алваро Мората е губитник на вечерта. Постигна хет-трик, еден гол му беше поништен, а неговиот тим беше поразен.
Атлетико Мадрид синоќа ја пречека Џирона во дербито од 19. коло на шпанската Примера. Гледавме одличен натпревар, а каталонскиот тим победи со 4:3.
Малку е неверојатно играч да постигне хет-трик и да го загуби тој натпревар во регулаторни 90 минути. Вечера тоа му се случи на Алваро Мората.
Погодувате, прв пат во неговата кариера. Но, тоа не е единственото нешто. Алваро Мората, верувале или не, победи на секој натпревар на кој постигнал најмалку два гола.
До вчера кога заврши големата серија. Ова беше 43-ти натпревар на Мората во кој постигна два или повеќе гола и првпат не победи.