Британски медиум откри кога ќе се случи разделбата на Пеп со „граѓаните“

Британските медиуми веќе се натпреваруваат кој ќе погоди или кој ќе предвиди прв кога Пеп Гвардиола ќе го напушти столчето на Етихад.

Дел од медиумите веќе најавија дека тоа ќе се случи веќе идното лето, кога Пеп Гвардиола и дефинитивно ќе стави крај на својата фудбалска епизода со Манчестер Сити.

Раководството на Сити посакувало да го задржи овој стратег, меѓутоа тој веќе ја одбил нивната понуда и по девет години ќе го напушти Манчестер.

Пеп Гвардиола во Манчестер е од 2016 година и минатите 8 години освои се што можеше да се освои, сите позначајни трофеи, вкупно 17.

Шест пати „граѓаните“ беа шампиони во Премиерлигата, а најпосакуваниот трофеј во клупската историја го освоија дури минатата сезона.

Шпанскиот стратег ако веќе навистина донел одлука да замине идната сезона, тоа ќе сака сигурно да го направи на најдобар можен начин, освојувајки уште неколку трофеи, што значи дека и догодина ќе гледаме максимално силен и мотивиран Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО