Брињоне ја победи конкуренцијата

Италијанската скијачка, Федерика Брињоне, победи во трката во Супер-Џи на тешката патеката во Квитфил.

Таа оствари подобро време од лидерката во генералниот пласман во Светскиот Куп, Лара Гут-Бехрами и Естер Ледецка која го освои третото место. Бехрами ја зголеми предноста во Супер-Г во трката за малиот кристален глобус.

Таа е лидер со 540 поени пред Хутер и Брињоне. Гут-Бехрами има 1.594 поени во генералниот пласман на Светскиот куп а нејзината предност пред Брињоне се намали на 326 поени. Микаела Шифрин која не настапува го држи третото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО