Никола Јокиќ повторно ја покажа својата генијалност во НБА — со фантастично издание го предводеше Денвер до убедлива победа над Сакраменто Кингс со 122:108.
Српскиот ас ја заврши вечерта со неверојатни 35 поени, 15 скока и 7 асистенции, погодувајќи 16 од 19 обиди од поле. Јокиќ играше нешто повеќе од три четвртини, а потоа мирно го гледаше финишот од клупата додека неговиот тим сигурно го приведуваше натпреварот кон крај.
Во текот на натпреварот, Јокиќ приреди и неколку спектакуларни потези, вклучувајќи „тачдаун“ додавање кое НБА го истакна како еден од моментите на вечерта.
Покрај него, Џамал Мари придонесе со 23 поени и 8 скока, Арон Гордон запиша 17, а Брус и Кристијан Браун додадоа по 14 и 12 поени.
Кај Сакраменто, Дру Јубанкс и Домантас Сабонис постигнаа по 19 поени, ДеМар Дерозан уфрли 18, а Расел Вестбрук беше на чекор до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и 8 скока.
Со оваа победа, Нагетс ја потврдија својата одлична форма и уште еднаш покажаа дека Јокиќ е вистински мотор на тимот – играч кој во секој сегмент на играта има пресудно влијание.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: