Екипата на Брера Струмица во продолжение од сезоната ќе има видоизменет лик на ростерот.
Струмичани вчера ги започнаа подготовките за новата сезона, а како што претходно најави „Спортклуб.мк“, во нов играч беше промовиран србинот Џорџе Ивковиќ.
Како што дознаваме нов член на клубот е и младиот 19-годишен играч за врска Лука Георгиев кој доаѓа од второлигашот Осогово каде што беше најдобар играч во изминатата полусезона.
Токму добрите игри во „жолто-синиот“ дрес привлекоа големо внимание за него и од неколку други наши прволигашки екипи, но Брера Струмица беше најбрза и најконкретна.