Брегалница загуби од Работнички во Штип

Брегалница денес загуби во воведниот меч од 28. коло од Првата лига од екипата на Работнички на Градскиот стадион во Штип со минимални 0:1.

„Романтичарите“ до овој триумф дојдоа со голот Гандо постигнат во вториот дел од мечот односно во 60. минута од средбата.

Брегалница барем до утре ќе биде претпоследна со 28 бодови на своето конто, а Работнички седми со 34 бодови. Утре ќе се комплетира 28. коло од Првата лига и тоа може да направи промени на табелата.

Брегалница може да биде и последна ако загуби Македонија ЃП од Струга, а за „сините“ важни ќе бидат резултати на конкурентите за опстанок, односно резултатот од мечот меѓу Вардар и Воска Спорт.

Веќе во следното коло Брегалница ја очекува тежок дуел против Воска Спорт во Охрид, меч кој може и да се покаже како клучен дури и за баражот. На 1. мај во Штип ќе се игра дуелот меѓу Брегалница и Вардар, потоа Брегалница ќе гостува кај Брера Струмица, во претпоследното коло Брегалница ќе гостува во Ѓорче кај Македонија ЃП, а во последното коло Брегалница на домашен терен ќе игра со Силекс.

Во игра за Брегалница се уште 15 бодови, колку од нив ќе освои, но и дали и освојувањето на бодовите ќе биде доволно останува да видиме, бидејќи Брегалница сега ќе зависи и од резултатите на останатите противници.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО