Напаѓачите на Борусија Дортмунд, Себастиен Але и Јусуф Мукоко би можеле да го напуштат клубот на лето, објавија медиумите во Германија. Според истите, од Борусија Дортмунд јасно им ставиле до знаење на играчите дека можат да си заминат на лето доколку клубот добие соодветни понуди. Се истакнува дека Мукоко не сака директен трансфер во друг клуб, туку сака да замине на позајмица, каде може да стекне искуство и да се врати во Дортмунд.
Але оваа сезона одигра 19 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 10 милиони евра.
Мукоко оваа сезона одигра 27 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна шест гола, а неговата вредност е 22 милиони евра.