Борко Ристовски заминува од позицијата извршен директор на РК Вардар

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 ќе добие нов извршен директор. Досегашниот прв оперативец, Борко Ристовски заминува од функцијата, откако е предложен за министер за спорт во новата Влада на Република Македонија.

Поради овој ангажман и потенцијалниот судир на интереси, Ристовски се повлекува од директорската функција во Вардар. Тој на социјалните мрежи сподели соопштение до јавноста преку кое се заблагодари на клубот и на навивачите.

– Убеден сум дека има многу квалитетни луѓе кои ќе го продолжат она што го почнавме и ќе продолжат уште посилно. Јас ќе продолжам да бидам на страната на спортот, на сите клубови, на сите спортисти, и ќе се борам да ги добијат најдобрите услови за работа и да бидат горди претставници на својата Македонија.

Останувам отворен за секој дијалог, секој разговор, за се’ што е во интерес на македонскиот спорт, напиша, меѓу другото, Ристовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО