Бордо исфрлен во третата лига на Франција

Фудбалскиот клуб Бордо од денеска официјално е исфрлен во третата француска лига. Поранешниот шампион на Франција е во огромна финансиска криза и поради тоа следната година ќе настапува во третиот ранг.

Според проценките Бордо има дупка во буџетот од 40 милиони евра и е пред целосен банкрот. Постоеше можност Бордо да се спаси, но тоа зависеше од Fenway Sports Group, компанијата која што е сопственик на Ливерпул и која се обиде да го купи, но нивните обиди не дадоа резултат.

Бордо ја заврши предходната сезона во Лига 2 на дванаесеттото место и привремено се спаси од испаѓање, но поради големите финансиски проблеми можно е уште повеќе да тоне во наредниот период.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО