„БОМБА“ ОД ХРВАТСКА – Лука Модриќ се враќа во Динамо Загреб!?

Најуспешниот хрватски фудбалер во историјата Лука Модриќ може да се врати во Динамо Загреб идното лето. Договорот на Модриќ со Реал Мадрид нема да биде продолжен, па Хрватот ќе стане слободен фудбалер, а не е тајна дека за него се интересираат клубови од Саудиска Арабија меѓутоа опција е и Динамо.

Според „24сата.хр“, претседателот на Динамо, Мирко Баришиќ разговарал со Модриќ околу оваа тема, а фудбалерот го оставил тоа прашање „отворено“.

-Динамо ќе притиска за враќање на Лука на „Максимир“. Разговорите меѓу Динамо и Модриќ ќе се интензивираат во наредните недели, а фудбалерот не само што му се заблагодарил на Динамо за поканата туку и сериозно размислува за таа опција, пишува „24сата“.

Модриќ беше во Динамо во периодот од 2000 до 2008 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО