Бодирога ќе ја предводи Евролигата уште четири години

На Генералното собрание на акционерите во Евролигата што се одржа денеска беа донесени клучни одлуки кои ќе ја обликуваат иднината на европската кошарка.

Акционерите едногласно го потврдија продолжувањето на мандатот на претседателот на Евролигата, поранешниот српски репрезентативец и кошаркарска легенда, Дејан Бодирога и на извршниот директор, Паулиус Мотијејунас за период од четири години.

Усвоени се и правилата на натпреварувањето за сезоната 2024/25, како и списоците на учесници за Евролигата и на Еврокупот. Исто така, одобрен е и календарот на натпревари за следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО