Екипата на Еурофарм Пелистер доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампиони (ЛШ). Битолчани влегоа во групата со Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.
Од претходно во елитата место си обезбедија: Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција. РК Вардар во новата сезона ќе добие директно место во групната фаза од Европската лига.
Алкалоид за таму ќе треба да игра квалификации. ЕХФ треба дополнително да потврди додека Охрид и Тиквеш ќе играат во Европскиот куп.