Бешикташ го претстави големото засилување Чиро Имобиле

Турскиот прволигаш Бешикташ денеска се пофали со ново засилување. Тоа е искусниот италијански голгетер Чиро Имобиле кој по осум години поминати во Лацио прифати нов предизвик и при крајот на кариерата за прв пат ќе заигра во Турција.

Имобиле важи за легенда на Лацио со 340 настапи на кои постигна 207 голови, но заминува од клубот на навидум неславен начин поради кавга со навивачите. Поради недоразбирањата беше пред заминување од клубот и во зимскиот преоден рок кога за него постоеше интерес од Саудиска Арабија, но сепак ја заврши сезоната во главниот град на Италија.

Сега 34-годишникот покрај за Лацио во кариерата настапуваше и за Соренто, Јувентус, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд и Севилја, а настапуваше и како позајмен играч за Сиена, Гросето и Пескара на почетокот на кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО