НБА: Кајл Лaури уште една година во Филаделфија

Искусниот 38-годишен бек шутер Кајл Лаури одлучи да остане уште една година во својот роден град Филаделфија, официјално објави НБА тимот Филаделфија 76ерс.

Следната сезона Лаури ќе се обиде да им помогне на Џоел Ембиид, Тајрис Макси и на летното засилување Пол Џорџ на можниот пат до титулата во НБА-лигата, Минатата сезона Филаделфија загуби во првото коло од плејофот на Истокот, Њујорк беше подобар во серијата со вкупни 4-2.

Лаури, кој е роден во Филаделфија, му се приклучи на тимот во февруари оваа календарска година и во 23 натпревари имаше просек од 8,1 поен, 3,2 скока и 4,2 асистенции по натпревар.

Лаури беше НБА шампион во 2019 година како член на Торонто Рапторс, каде што остави најдлабока трага во текот на неговата кариера. Во тој клуб играше од 2012 до 2021 година. Пред тоа беше член на Мемфис Гризлис и Хјустон Рокетс, додека играше за Мајами Хат пред да се врати во Филаделфија. Во текот на кариерата шест пати играше на Ол Стар натпреварите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО