Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема, одговори на прашањето зошто неговиот настап во саудискиот клуб е поинаков од оној што го прикажуваше во Реал Мадрид.
– Факт е дека ова е сосема друг тим со друго име. Ми треба помош. Ми треба некој да ми помогне на теренот. Нема да донесам победа сам. Ми требаат други играчи и некои други работи, изјави Бензема на социјалната мрежа Х.
Да потсетиме, 36-годишниот фудбалер минатото лето се пресели на Ал-Итихад од Реал Мадрид. Во овој период на сите турнири учествуваше на 26 натпревари на кои постигна 12 гола и осум асистенции. Додека играше за мадридскиот клуб, Бензема ја доби наградата за најдобар фудбалер на годината – Златната топка (2022).