Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон кој го доби од судијата Хесус Хил Манзано на натпреварот од 27. коло на Ла Лига со Валенсија (2:2).
Според информациите, одлуката е донесена од Дисциплинската комисија поради непочитување на судијата. Белингем ќе ги пропушти натпреварите против Селта Виго и Осасуна. Реал има намера да ја обжали оваа одлука.
Претходно „Марка“ објави дека Судиската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација била незадоволна од судиските одлуки за време на натпреварот