Фудбалерот на Англија, Џуд Белингем, има реална шанса да биде прогласен за најдобар играч на Европското првенство во Германија, прогнозираат дел од специјализираните медиуми низ светот.
Младиот фудбалер кој го очекува дуелот од полуфиналето со Холандија, има реална шанса да се бори и за шампионскиот пехар бидејќи неговата селекција на претстојниот меч е во улога на фаворит. Играчот од средината на теренот кој знае да биде крајно опасен во нападот, на ЕП одигра пет средби и постигна два гола.
Белигем во претходната сезона во дресот на Реал Мадрид ја освои титулата во Примера Дивизион и во Лигата на шампионите.