Барселона заинтересирана за Бастони

Лидерот во Ла Лига, Барселона, е заинтересирана за услугите на фудбалерот на Интер, Алесандро Бастони, јавија дел од шпанските медиуми.

Според Sport.es, раководството на каталонскиот гигант е уверено дека италијанскиот дефанзивец брзо би се вклопил во Барселона со своите силни дефанзивни и напаѓачки вештини.

Изданието наведува дека Барселона би можела да плати околу 70 милиони евра за Бастони.
Оваа сезона, Бастони одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола, а додаде и шест асистенции. Неговиот договор со Интер е со важност до лето 2028 година.

ФОТО:МИА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО