Барселона подобра од Алборг за нова 12-та титула во Лигата на шампионите

Шпанскиот гигант Барселона не дозволи изненадување и во еден фантастичен и неизвесен натпревар дојде до победа над Алборг (31:30) во финалето на Лигата на шампионите одигран во Келн. СО оваа победа Барселона го подобри рекордот – 12. титули во најквалитетното ракометно натпреварување.

Откако Алборг не успеа да слави во ова финале, тоа значи дека една од најголемите ракометни имиња на данскиот и светски ракомет, Микел Хансен, кариерата ја завршува без освоен трофеј во Лигата на шампионите.

Во текот не првотото полувреме Барселона беше таа која имаше предност, а Алборг ја бркаше за на одмор се замине со нерешени 15:15.

Вториот дел беше вистинска битка на двете екипи. Барселона повторно имаше плус еден гол, но Алборг не дозволуваше д анаправат поголема разлика и да се одлепат. Во последните секунди Барселона поведе со 31:30, а Алборг го имаше последниот напад, но не го искористи, з ада последниот удар од 9 метри по истекот на времето го има Микел Хансен , а неговиот обид беше за малку непрецизен.Со тоа резултатот на крајот беше во корист на Барселона и освојување на титулата.

Овој финален натпревар беше историски и за македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои го судеа ова финале на Лигата на шампионите и така ги обединија сите финалиња на големите натпреварувања. Единствено им недостасуваше уште ова, за да обединат финале на Лига на шампиони, Светско првенство, Европско првенство и Олимписки игри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО