Барселона ќе мора да продава доколку сака да купува

Барселона ќе мора да продаде неколку играчи доколку сака да ја ангажира новата шпанска ѕвезда, младиот, 21-годишен крилен напаѓач, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Него многу го посакува новиот тренер на Каталонците Ханси Флик, а наводно веќе се разговарало за неговото ангажирање, пишува „Скај Германија“.

Во Шпанија веќе е познато дека Вилијамс сака да игра за Барселона, но најтешкиот дел допрва доаѓа за каталонскиот гигант. Барса ќе мора да се раздели со неколку свои играчи за да обезбеди пари за да ја плати откупната клаузула на Вилијамс, од 58 милиони евра.

На листата на желби на Барселона се наоѓа уште еден шпански репрезентативец кој игра одлично на ЕП, Дани Олмо (26) од Лајпциг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО