Барселона и Реал Мадрид ќе добијат по стотици милиони евра од тв-правата

Барселона го обезбеди второто место во Ла лига по победата синоќа над Рајо Валјекано, 3:0. Како што објави „Мундо Депортиво“, Барселона ќе заработи околу 130 милиони евра сезонава од тв- правата на Ла лига.

Се очекува Ла лига да подели околу 1,5 милијарди евра од тв- правата за сезонава. Од тој вкупен износ, 8,5 отсто (околу 127 милиони) ќе бидат распределени како поддршка за аматерскиот фудбал и за други спортски активности.

Остатокот од околу 1,373 милијарди ќе биде поделен на два дела. Од првите 50 отсто или или нешто помалку од 700 милиони евра, 20-те тима ќе добијат фиксни, по околу 37,5 милиони евра. Оваа сума е независна од конечната позиција на табелата.

Преостанатиот дел (околу 623 милиони евра) ќе се распределува врз процентуална основа, според конечната позиција на секој тим на табелата.

Реал Мадрид, како шампион и со додавање на фиксниата сума, плус процентот од 17 насто, ќе добие најмногу, околу 143 милиони евра. Барселона како вицешампион ќе добие 130 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО