Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави финансискиот извештај за 2023 година во кој се анализираат бројките и трендовите во сите лиги под нивна надлежност.
Во обемениот документ има многу интересни факти на кои вреди да се обрне внимание. Меѓу поинтригантите работи за пошироката фудбалска јавност е листата на клубови кои заработиле најмногу пари од продажбата на дресови и на други производи со нивните обележја
На врвот на листата е Барселона, која лани заработила 178 милиони евра од продажбата на дресови и други производи со клупските ознаки.
Каталонците доминираат во оваа категорија и покрај послабите резултати, како и фактот што веќе ја немаат мегаѕвездата во ликот на Лионел Меси.
Зад Барса е нивниот најголем ривал, Реал Мадрид со приход од 155 милиони евра. Уште три клуба успеаја да остварат заработка од над 100 милиони евра.
На третото место е Баерн Минхен со 147 милиони евра, а зад него два англиски клуба. Ливерпул од дресови и друго заработил 132, а Манчестер јунајтед 130 милиони евра.
Првиот клуб под магичната линија е ПСЖ со заработка 97 милиони евра. Но летово ќе остане без најголемата ѕвезда, Килијан Мбапе кој заминува во Реал Мадрид, и ќе биде интересно да се види како ќе се движат овие бројки без него, без Нејмар и без Меси
На списокот има уште три англиски клуба, Арсенал со заработка од 89 милиони, Челси со 87 милиони и Тотенхем со 74 милиони евра, исто колку и Јувентус, кој ги затвора „топ 10“.
На таа листа го нема Манчестер сити, кoј лани освои пет титули, во Лигата на шампиони (ЛШ), во Премиер лигата, во ФА купот. Тие триумфираа во Суперкупот на УЕФА и ја освоија титулата клупски светски првак!