Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја победи на премиерната сезонска трка во новиот Мото ГП шампионат. На патеката „Лусаил“, Бањаја со своето Дукати успеа да триумфира со вкупно време од 39:34.869 минути, кој многумина го окарактеризира како шампионско возење!
Ова беше 18-та победа во кариерата за Бањаја во најсилната конкуренција.
Бред Биндер го заврши натпреварувањето во Катар на второто место, додека Мартин кој тргна од пол-позицијата на крајот се искачи на третото место на подиумот.
Големо внимание привлече и дебито на Марк Маркез, поранешниот светски шампион кој првата трка во кариерата ја возеше со Дукати и на крајот го освои четвртото место.