Бањаја им ги скрши срцата на навивачите и го победи Маркез во Херез

Возачот на Дукати Франческо Бањаја ја продолжи својата доминација на патеката во Херез откако трета година по ред триумфираше на трката за ГН на Шпанија како дел од Мото ГП шампионатот.

Денешната трка ја одбележа големата борба на Бањаја со Марк Маркез, во која актуелниот првак успеа да излезе како победник. Мартин и Маркез имаа предност во голем дел од трката, но Бањаја трпеливо чекаше грешка на своте противници и во моментот кога му се укажа шанса успеа да излезе на чело и да го освои првото место.

Последните пет круга минаа во битка меѓу Бањаја и Маркез, по еден контакт на моторите Маркез за кратко излезе на првото место, но Бањаја успеа да се врати на чело, за на крајот да триумфира со 0,372 секунди подобро време од Маркез. Место на подиумот имаше и за Марко Бецеки од ВР 46, со заостанување од речиси четири секунди зад победникот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО