Баерн остана без своите фанови на следното гостување во Европа

Германскиот шампион Баерн Минхен нема да може да смета на поддршката од своите навивачи за следното гостување на тимот во европските клупски натпреварувања, соопшти УЕФА.

Баварците се казнети за однесувањето на нивните навивачи за време на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите со Лацио на 14 февруари. Клубот е казнет и со 50.750 евра поради фрлање предмети на теренот, како и употреба на пиротехнички средства и ракети.

Баерн го загуби првиот меч во Рим со 0:1, а реваншот е во вторник на „Алијанц Арена“ во Минхен. Доколку Баерн Минхен успее да го елиминира Лацио, во следниот гостински натпревар ќе мора да игра без нивните навивачи на гостувањето кај противникот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО