Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане, нема да игра на вечерашното гостување кај Фрајбург во рамките на 24. коло во Бундеслигата, велат последните информации од Германија.
Сане има проблеми со коленото и ќе мора да продолжи со рехабилитација. Брзоногиот фудбалер веројатно ќе му биде на располагање на тренерот Томас Тухеl за реванш мечот против Лацио во Лигата на шампиони (ЛШ), на 5 март.
Германскиот шампион вечерва ќе биде и без повредените Серж Гнабри, Кингсли Коман, Нусаир Мазрауи и Саша Бои, како и без Де Лихт кој е суспендиран.