Она што го загубија во Рим во првиот натпревар, Баерн Минхен го надополни вечерва во реваншот во Минхен.
Како што знаеме, првиот меч го доби Лацио со 1:0, затоа баварската екипа вечерва надополни и повеќе од потребно, па со победа од 3:0, се директни патници во четвртфиналето од ЛШ.
Головите за Баерн Минхен ги постигнаа Хари Кејн (два) и Томас Милер. Лацио вечерва едноставно немаше шанси против ваков мотивиран Баерн.
На вториот натпревар вечерва, ПСЖ со победата во Шпанија кај Реал Сосиедад од 2:1, со севкупен резултат од 4:1, патуваат во следната рунда од најелитното фудбалско клупско натпреварување.